Според студија, луѓето кои јадат често брза храна имаат 51 отсто повеќе шанси да развијат облик на депресија во споредба со оние кои не јадат хамбургери, хот-дог или пици.

Намирници богати со натриум
Голема количјна натриум може да го поремети нервниот систем и тоа може да биде поврзано со депресија како и негативно да влијае врз имунитетот и да предизвика умор.

Хидрогенизирано масло
Избегнувајте пржена храна, бидејќи која било храна што се пржи на масло содржи транс масти и може да биде поврзана со депресија. Бидете внимателни и со заситени масти што може да се најдат во полномасни млечни производи, путер…

Рафиниран шеќер
Рафинираниот шеќер пореметува ниво на гликоза во крвта и ја црпи целата енергија од телото, менува расположение и ремети сон.

Рафинирани житарки
Бел ориз, тестенини и пецива се намирници кои се поврзуваат со процеси на воспаленија во телото и може да бидат поврзани со депресија, објавено е во студијата во Brain, Behavior and Immunity. истражувањето покажало дека жени кои конзумирале рафинирани житарки имаат погоеми шанси за депресија во однос на оние кои не јаделе таква храна.