Факт е дека портпаролите ги раскажуваат најубавите партиски бајки, од проста причина што затоа се поставени и платени.
Портпаролот на СДСМ, Костадин Костадинов, кој е и пратеник на истата партија, не е исклучок од правилото. Тој е типичен пример за истото. Некои велат одличен раскажувач на социјалдемократската бајка за Македонија, а други тврдат дека не е ни многу добар, дури и едвај доволен читач на веќе напишаната бајка.
Сепак, Костадинов најчесто ја раскажува прекрасната бајка за уништениот непотизам. Тој е подготвен да се заколне и во родената мајка, а не само во снајката на советничката, сестрата на министерот, ќерката на собранискиот спикер, љубовницата на генералниот секретар, синот на… дека во Македонија нема непотизам! Дека тоа го имаше во „бившиот режим“, а дека сега има социјалдемократска и интегративна партизација само во главите на вмровците.
Токму поради оваа бајка, Костадинов стана омилен наратор и јунак и на тие што фотографираат, но и на тие што го фотомонтираат овој на многумина омилен раскажувач на социјалдемократската бајка „Живот за сите“ со 500 евра плата.
Погледнете ја сликовницата со фотографии од инспиративниот раскажувач и инспирираните фотографи и фотомонтери од социјалните мрежи. Оти некогаш една слика говори повеќе отколку 1.000 непотизми.
(Д.Г.)