Првиот камион со хуманитарна помош од бразилската влада пристигнал во градот Пакараима на границата со Венецуела.
Опозицискиот венецуелски пратеник Мигел Писаро, изјави дека камионот ја преминал границата и се наоѓа на венецуелска територија.
Според бразилски медиуми, од авиобазата во градот Боа Виста каде е складиште за хуманитарна помош, тргнале денеска два камиона кон Венецуела.