Најмалку 140 луѓе ги загубија животите во труење со алкохол направен во домашни услови во индиската држава Асам.

Уште 300 луѓе се хоспитализирани, дел од нив во критична состојба.

Државните власти ветија компензација од околу 200.000 рупии (2.800 долари) на семејствата на жртвите, најголем дел работници на локални плантажи за чај.