Поглаварот на Англиканската црква кентерберискиот надбискуп Џастин Велби, сака да предводи петдневна молитва заедно со претставници на други цркви откако на 29 март Британија ќе ја напушти ЕУ во обид да намали поделби околу брегзит, објави „Сандеј Тајмс“.

Референдумот за брегзит од 2016 година покажа дека Обединетото кралство е поделено околу многу повеќе теми отколку што е ЕУ и тоа поттикнува преиспитување во врска со најразлични прашања од сецесија и имиграција до капитализмот, кралство и модерниот дух на Британија.

– Се надевам дека молитвата ќе има одек во широките слоеви на нацијата, дека тоа е момент да се свртиме во нешто подлабоко во човековиот дух отколку што се тоа правните аргументи и филозофски дискусии и да побараме мудрост од Бога, изјави за весникот висок црковен претставник.