Нападната е 56-годишна жена на улицата „Радански пат“ во ромското маало во Штип. Џ.А околу 20.30 часот на улицата била физички нападната од засега непознато лице. Според исказот на жената крадецот успеал да и украде 1.900 евра, кои биле скриени во облеката. Откако и ги одзел, сторителот побегнал. Портпаролот на СВР-Штип, Гордана Панајотова вели дека веќе се работи на расчистување на случајот.
Инаку ова не е прв случај на напад на случајни минувачи по оваа улица, каде што непознати сторители физички ги напаѓаат и им ги одземаат ташните.