Премиерот Зоран Заев и неговата сопруга Зорица беа на Виенскиот бал на покана на канцеларот на Австрија Себастијан Курц и неговата сопруга.
На средбата пак која ја имаа вчера попладнето Заев и Курц, премиерот му се заблагодарил на канцеларот, но и на Владата на Република Австрија за сѐ што направиле за Република Северна Македонија.