Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров во синоќешниот телефонски разговор со американскиот државен секретар Мајк Помпео истакна дека Москва е подготвена да разговара со Вашингтон за Венецуела, но само ако се почитува Повелбата на Обединети Нации.

Во соопштението од руското МНР се посочува дека телефонскиот разговор бил на барање на САД, при што Лавров го осудил „мешањето во внатрешните работи на суверена држава и грубото кршење на меѓународното право“.

– Потенцирано е дека сме подготвени за билатерални консултации за прашањата за Венецуела, но само во согласност со принципите на Повелбата на ОН, бидејќи само граѓаните на Венецуела имаат право да одлучат за својата иднина, се истакнува во соопштението.