Ниту еден од 157-те луѓе во авионот на Етиопиан ерлајнс, кој се урна некоку минути по полетување од Адис Абеба не ја преживеал несреќата, јави државната радиотелевизија на Етиопија.
На летот ЕТ 302 од Адис Абеба кон Најроби, имало луѓе од 33 националности, јавија локалните медиуми.
Авионот се урнал шест минути по полетувањето од аеродромот во Адис Абеба, соопшти претходно авиокомпанијата.
Боингот 737 бил на редовен лет од Адис Абеба до главниот град на Кенија.