Премиерот Зоран Заев, по повод одбележување на 76 години од депортацијата на македонските Евреи во нацистичкиот логор Треблинка, во говорот во Националната установа македонски народен театар Скопје, изјави дека Холокаустот не е само еврејска традиција, ниту само една темна страница од Втората светска војна.

– Холокаустот не е само еврејска традиција, ниту само една темна страница од Втората светска војна, истакна Заев во својот говор.

Холокауст е термин кој се користи за масовното систематско убивање на околу шест милиони европски Евреи, во текот на Втората светска војна, од страна на нацистичкиот режим во Германија, предводен од Адолф Хитлер.