Одзивот на парламентарните избори во Северна Кореја во неделата беше 99,99 отсто, објавија денеска државните севернокорејски медиуми.
Оваа година, одзивот беше речиси 100 проценти, бидејќи само Севернокорејците кои работат во странство или на море не гласаа.
На претходните избори во 2014 година, одѕивот на гласачите беше 99,97 проценти.
Изборите се одржуваат на секои пет години, а членовите на парламентот се номинирани однапред. Има само едно име на гласачките ливчиња.
Исто како и во 2014 година – секој од 687-те кандидати добил 100 отсто од гласовите.