Режимот на ВМРО-ДПМНЕ создаде „заробена држава“ и носеше најнегативни извештаи на Стејт Департментот, денес реформите се препознаени, извештајот е охрабрувачки
ВМРО-ДПМНЕ е симбол за режим, заробена држава, криминал и кршење на човекови права.
Извештајот за човекови права на Стејт Департментот на САД, после црни 11 години, конечно нотира напредок во слободат на медиумите и судството.
Во црните 11 години за Република Северна Македонија,време во кое лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски беше советник на неговиот ментор Груевски, извештаите изобилуваа со сериозни забелешки за огромното ниво на корупција, мешањето во судството и ограничувањето на медиумите.
На пример во 2015 година, токму кога Мицкоски му беше советник на Груевски, главните забелешки на Стејт Департментот беа дека постои директно учество на високи и владини претставници во нелегални активности и корупција, ограничена медиумска слобода и директно мешање во судството.
За разлика од таквите извештаи, извештајот за 2018 година покажува напредок во слободата на медиумите и судството.
Стејт Департментот ја истакнува контролата врз безбедносните служби и потенцира дека во споредба со минатите години се забележува дека Владата го почитува и мотивира независното и непристрасно судство.
Извештајот на Стејт Департментот е охрабрувачки и мотивира да се продолжи со реформите, да се надминуваат пречките и да се работи исклучливо во интерес на граѓаните.
Центар за комуникации со јавноста
Социјалдемократски сојуз на Македонија