Обединетите нации денеска ги советуваа своите службеници да не патуваат со авиони „Боинг 737 Макс 8″.
Одделот за безбедност на ОН (UNDSS) издаде соопштение во кое се вели дека „ужасниот” пад на авионот на компанијата „Етиопијан ерлајнс” во неделата однел животи на 21 службеник на ОН.
Во соопштението се потсетува дека тоа е втора авионска несреќа со ист тип на авиони за помалку од 6 месеци.
„Додека причините за овие несреќи не се утврдат, претставниците на ОН не треба да патуваат со „Боинг 737 Макс 8“ авиони , се вели во соопштението.