Сеизмолошкиот завод на Црна Гора вечерва (четврток) во 20:43 часот на подрачјето на општина Прозор регистрира земјотрес со магнитуда од 3,3 на длабочина од 5 километри.
Иако потресот бил почувствуван и во Коњиц, земјотрес со ваква јачина не може да предизвика поголема материјална штета, освен предизвикување вознемиреност кај населението, пишува сараевски Дневни аваз.
Радио Сараево пак извести дека во 21:41 часот апаратите на Сеизмолошкиот завод на Србија регистрирале умерен потрес на подрачјето на Босна и Херцеговина.
Епицентарот бил на неколку километри од Прозор, а јачината изнесувала 3,5 степени според Рихтеровата скала.