Производителот на авиони Боинг соопшти дека ја запира испораката на авионот „737 макс“ на сите клиенти откако ширум светот беа стопирани летовите на овој модел на авион.

Летовите на боинг 737 макс се забранети во повеќе земји, откако еден таков авион на компанијата Етиопијан ерлајнс падна во неделата на 10 март, неколку минути по полетувањето од главниот град на Етиопија, Адис Абеба. Во несреќата загинаа сите 157 патници и членови на екипажот. Во тек е истрага за несреќата, а причината за уривањето на авионот уште не е позната.

Ист тип нов авион падна и минатата година.