Потпретседателот на Европската комисија, Франс Тимерманс претстави услови за одложување на брегзит и ги повика Британците да останат во царинската унија на Европската унија.
Тој го нагласи тоа во интервјуто објавено денеска од страна на германската медиумска група Функе.
– Ако на Британците им треба подолг период, тогаш треба да знаеме зошто, вели тој. Додека тоа не е јасно, брегзит може да биде одложен само за две недели, со единствена цел – спречување хаотично напуштање на 29 март.
Како што вели заменикот претседател на ЕК, за тоа време Лондон треба да каже што навистина сака.
-Организирање нови избори? Да се одржи нов референдум? Потоа можеме да разговараме зборуваме за одложување за неколку месеци, истакна тој.
Тимерманс верува дека Лондон може да остане во царинската унија на ЕУ.
-Можеби мнозинството во британскиот парламент ќе го поддржи тоа, рече тој.
-Британците гласаа да ја напуштат ЕУ, а не царинската унија, рече Тимерманс. Според него, брегзит „ќе биде најголемата трагедија во историјата на ЕУ”.