Светската програма за храна на ОН почна со операции за доставување храна за најмалку 1,25 милиони луѓе пoгодени од циклонот „Идаи“.

Во таа стихија загинаа над 200 луѓе во источниот дел од Африка.

Анализата за бројот на луѓе на кои им е потребна хуманитарна помош е направена врз основа на податоци од Малави и Мозамбик, соопшти агенцијата на ОН.

– Уште илјадници луѓе се потенцијално погодени од циколонот во Зимбабве каде се прави анализа на состојбата, изјави портпарол на Агенцијата. Планот е хуманитарната помош да биде доставена со авиони или со бродови.