Париз се искачи на врвот на листата на најскап град во светот за живеење заедно со Сингапур и Хонг Конг, според анализа во која Kаракас – главниот град на Венецуела, е најевтин за живеење.

Францускиот главен град е единствениот од еврозоната во првите десет, се искаќи на врвот од второто место минатата година и од седмата позиција пред две години.

Во Париз е „исклучително скапо да живее”, со просечна цена за две одела за мажи од 2.000 долари, и просечна цена за фризура за жени што чини 120 долари.

Според  Economist Intelligence Unit (EIU)  зза првпат во повеќе од три децении од анкетата се вели дека трите града се подеднакво рангирани на врвот, откако Сингапур ја предводеше листата една година претходно.

Во првите десет листа доминираат азиските и европските градови – Осака, Сеул Цирих, Женева  и Копенхаген.

Северна Америка е претставена од   Њујорк, седмо и Лос Анџелес, на 10-то место со израелскиот Тел Авив.

Споредени се 400 индивидуални цени за 160 производи и услуги, вклучувајќи храна и пијалаци, облека, изнајмување дома, транспорт, школување и рекреација. Рангирани биле 133 градовви во светот.