Група експерти побараа од Светската здравствена организација да направат база на податоци за научниците кои се занимаваат со промена на човекови гени.

Препораката беше објавена по дводневниот состанок во Женева за да се испитаат научните, етичките, социјалните и правните предизвици на такво истражување.

„Во овој момент, е неодговорен кој било да продолжи со истражување на создавање бебиња со променети гени, бидејќи промените на ДНК може да се пренесат на идните генерации”, се вели во соопштението од конференцијата во Женева.

Најавата на СЗО следуваше откако меѓународна група научници и етичари повикаа на привремена забрана за создавање бебиња со променет ген. Тоа беше објавено во списанието „Нејчер“ минатата недела.