Илузионистот Ури Гелер и порача на британската премиерка Тереза Меј дека нема да дозволи Британија да ја извлече надвор од Европската унија и дека ќе користи телепатија да ја спречи во тоа.
Во отвореното писмо до Меј, Гелер нагласува дека „физички и многу силно” чувствува дека повеќето Британци се против брегзит.
„Ве сакам многу, но нема да ви дозволам да ја водите Британија во брегзит. Ќе ве спречам телепатски и, верувајте ми, можам тоа да го направам. Ве повикувам веднаш да го прекинете тој процес, додека се уште имате шанса, објави Гардија негово писмо.
Гелер, кој сега живее во Израел, а живеел во Сонинг, Англија, во писмото вели дека премиерката ја знаел околу 21 година и дека таа била гостин во неговата куќа и пред три години ја предвидел нејзината победа.
Тој тврди дека ќе ја користи „моќта на својот ум“ за да обезбеди Џереми Корбин никогаш да не добие клучеви во Даунинг стрит 10.