Нова тешка хаварија предизвика прекин на струјата во Каракас и други големи градови во Венецуела. Погодени се 17 од 22 држави.
Министерот за информации изјави дека државата е „жртвва на напад врз системот за производство и дистрибуција на електрична енергија и поконкретно електроцентралата „Гури“. Таа централа што испорачува 80 отсто од електричната енергија во Венецуела беше погодена од хаварија на 7 март кога речиси целата држава остана без струја една недела.
Во прекин е метрото, мобилните мрежи, а продавниците од попладнето се затворени. Чекирањето на аеродромот во Каракс се прави на хартија.