Тројца државни министри од кабинетот на премерката Тереза Меј поднесоа оставки во знак на несогласување со стратегијата за напуштање на Велика Британија на Eвропската унија.
Во драматичната вечер во која британскиот Парламент гласаше за преземање контрола врз дневниот ред за брегзит, оставки поднесоа Ричард Харингтон (од Министесртвото за индустрија), Алистер Барт (од МНР) и Стив Брајн (од Министерството за здравство).
Во писмото за оставката, Харингтон ја обвини владата дека „игра рулет“ со „животите и средствата …на голем дел“ од британското население.