Маж од Боцвана влета во својата куќа со приватен авион Кинг Ер со кој сакал да ја убие сопругата по расправија.
Скандалот меѓу брачниот пар почнал на забава во чест на нивно идно дете. Според извори блиски до семејството, мажот бил груб кон сопругата и затоа гостите го замолиле да ја напушти забавата.
Откако заминал, тој му се јавил на свој пријател на забавата за да дознае каде точно во куќата е неговата сопруга. Пријателот ги замолил сите гости да ја напуштат куќата и по извесно време во куќата влетал авион што го управувал сопругот на жената.
Загинал само пилотот, а сите останати преживеале благодарение на евакуацијата.