Основачката на женското списание на Ватикан, Лучета Скарафија, како и редакцијата составена само од жени, денеска поднесоа оставка и соопштија дека тоа го направиле бидејќи Ватикан повел кампања за да ги дискредитира и стави под „директна контрола на мажите“, која е зголемена откако го осудиле сексуалното злоставување на милосрдните сестри.

Основачката на списанието „Вомeн Чрч Ворлд“ (Women Church World), кој излегува еднаш месечно заедно со ватиканското списание „Л’Осерваторе Романо“, изјави дека одлуката е донесена откако новиот уредник на Л’Осерваторе Андреа Монда кон почетокот на годината соопштил дека ќе ја преземе улогата на уредник.

Засега нема коментар од Ватикан.

Скарафија го покрена месечниот додаток во 2012 година и го надгледуваше неговото прераснување во самостојно списание во Ватикан како женски глас за жените за прашања од интерес на целата католичка црква. Списанието, иако објавувано под покровителство на „Л’Осерваторе Романо“, уживаше уредничка независност.

„Тие повторно се враќаат на праксата на избирање жени кои се послушни и кои се откажале од ’паресија’ (слобода на говор), на која папата Франциско толку често инсистира“, се наведува во соопштението на списанието.

Скарафија во февруари ја вознемири јавноста во февруари кога го осуди сексуалното злоставување на милосрдните сестри од страна на свештеници и укажа на последиците од тоа – случаи кои милосрдните сестри биле принудени да абортираат или да раѓаат деца кои нивните татковци не ги признаваат. Тој напис го наведе папата Франциско по првпат да признае дека таков проблем постои и изјави дека е одлучен да направи нешто по тоа прашање.