Плукни-залепи и речи-поречи, ова во неколку зборови би бил најкусиот и најдетален опис на дејствувањето и матрицата на новокомпонираните североидни и властодржни чеда. Оти, така вели и дејствува лидерот им, според чиј лик муртински се создадени и неговите слепи следбеници. А Стево? Е тој да ти бил „консензуален“, рече Зоки. Јок, „концепт“ бил, поправи Груби! И додека тие се надмудруваат, кој е и што е Стево, па повторно лажњак-анкети пуштаат, една работа е единствено јасна. Факт е дека тој е лузер, докажан, со тапија. Непобитен факт. Башка, сега душа сам на себе си вадел и „мерка“ си земал?! Тотално забегана, аланфордовска и толку северотопијска прикаска…
Ако нешто не ви е јасно и се наоѓате во тешка дилема зошто провладините медиуми повторно и така агилно „фураат“ нови фејк анкети во кои пустиот Стево пак „тепа“ и растура, само сетете се на прикаската од претходните претседателски избори. Таа незаборавна анкета, која исто така му правеше „воршип“ и идолатрија на и тогаш „непартискиот“ Стевчо, резил кој остана запаметен како најголемата и најсрамна анкетна лага во поновата македонска историја.
Е, во таа патетична анкета-утка на синчето на независниот Спасов, Стево водеше против Ѓорѓе со слични 2%. А изборите кои следуваа го покажаа бламот на Стевовиот рејтинг кај „Рејтинг“, чин кој минатите 5 години служи за силен потсмев во светот на анкетарите. Со наведениот им рејтинг, не се сложи само народот, на избори. А, да. Да не заборавиме, во меѓувреме имаше и нови североидни анкети за Референдумот за името. И тука, провладините анкетари утнаа, ама многу.
Епа сега, Стево пак да ти водел против Силјановска?! Со истите тие фамозни околу 2 проценти?! А историјата се повторува. Македонија е фантастичен пример за истото.
Значи, ако е според досегашната логика на „комуњарските“ анкети, Стево и сега треба да ја „победи“ Силјановска со 14 проценти разлика во нејзина корист, т.е. да има „мањак“ од 140 илјади, како што беше со Иванов.
Парадоксот е што човекот кој со „екипата“ го смени името, не толку одамна говореше дека граѓаните ќе му ја изваделе душата на оној кој ќе го сменел истото?! Да, необјаснив и чуден, мазохистички порив во меѓувреме го зафати човекот, кој со 102 отсто (како несудениот му контра-кандидат за прецедник Амди) се вклучи во промена на името на државата. Нешто во стилот на самодемантирачкиот гуру и шеф му Зоки, кој очебијно му е и идол. Замислете сега, како Стево доследниот, секојдневно по дома, скришум од другите, си ја вади ли вади душата, ама сам на себе… Монти Пајтон, вода да им носи.
И не само тоа, за оние кои ќе го сменеле името си кажа и „…мислам дека шанси нема за такво нешто, а и ако има, во интерес на нашата заедничка иднина, ние мора да му земеме мерка на тој човек и на тие луѓе…“ Види, види, Стево сам на себе сега треба „да си зема мерка“, башка и на своите североидни истомисленици. Чувајте се, Зоки, Рада, Оливер и сијасет други соиграчи, Стево ќе ви земе мерка…
Арно ама, проблемот кај него е многу посложен. Од многу сигурни извори, дознав дека Зоки не толку одамна им се фалел на Пленковиќ и на Вучиќ (кога беа во добрите) дека ќе се кандидира за „прецедник“ на Северната му творба. Значи, не на кого било туку на хрватскиот премиер и на српскиот претседател, Зоки им предочил дека сигурно „гази“ кон прецедник. Арно ама, што го предомисли Зокија? Дека би пропуштил таква премија, тешко. А ние, ние ќе го имавме првиот црпнат прецедник. Лично, мислам дека на Северотопија поубо ќе и прилегаа Боки 13 или Амди Бајрам, но и ЗЗ би завршил работа. Одлично би и „стоел“ на северната пародија, башка, така уште посилно ќе ни го зачуваше идентитетот, гарант. Јап, црпнат од нива во претседателска палата. На страна тендерите, човечето си љуби титули. Замислете само како на сите приеми секаде низ светот би викал „Сеееверна Макеоднија, Сееееверна Македонијааа!!!“ Тоа што вика по дома, но не е исто, нели.
Епа, кога Зоки толку се фалел по колегите му балкански, чуму наеднаш се предомисли? Да не има, можеби, некои други, вистински анкети кои „викаат“ нешто друго околу поддршката на граѓаните? Нешто сосема поинакво од она што го пропагираат и лиферуваат провладините медиуми и нивните анкетни сојузници, поврзани со комуњарската максима „плати па клати„?
Дали пустиот Стево е жртвено јагне или подобро кажано, жртва на преголемата желба да биде прецедник, иако, сите знаат дека не може, освен тој… Гарант и домашните му го знаат истото, ама Стеки останува доследен на желбата му преголема. Па и Зоки силно притиснат од Вицето да се откажал поради тендер-„разлози“, мислите дека во себе превозљубените Рада или Нино од Димитрови би пропуштиле таква „сигурна“ шанса, и би му ја препуштиле фотелјата прецедничка на љубениот им Стефо?
Овде е и прикаската на кандидатот „консензуален“ кој сега според Артан Груби стана и „концепт“, ама за поткусурување и пазар, сточен се разбира, оти токму Стево толку добро во „стока“ се разбира. Да, поддршката за него ДУИ ќе ја наплатат со гувернер на банката која некогаш беше македонска, призна Груби. И не изненади никого. Добар концепт, „на ти го – дај ми го“, 100 отсто оригинален ДУИ концепт. Во игра е и министерското столче за труд и социјала, што на Мила и не било баш мило…
Башка, концепт-кандидатот и натаму не отстапува од муабетот дека го следеле. Изгледа, навистина го следат, ама „стварно.“ Проблемот е, што се поверојатно, за жал Стевова, тоа не го чинат „странски служби блиски до опозицијата“, туку ала Веруш службите блиски до власта. Очигледно, многу ангажирано и сосредоточено, му го следат… Падот. Велат, паѓале и солени кладби на екс Бихаќка, дали ќе ја повтори „победата“ од 2014-та, или можеби и посилно ќе трасне во милата им Северотопија. Многу „другарски“ и северњачки, соодветно на идеологијата комуњарска, нели.
Фер. Затоа, Стево, „пази леѓа“! Ама од твоите…
Јап, нешто смрди во државата Северна…. Копа, ама јако, од и онака изместениот темел на наметнатата северотопијска идиотштина…
А тоа, тоа да не ти била „стоката“ на Стеки. Тие, народот, тие мозочно „немиените“, тие сега се на ред да казнуваат…