Градот Скопје е прв град од Македонија, кој се приклучува на мрежата зелени градови, изјави денеска градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов.

По проектите за трамвајот, за веловозот од Лисиче до Ѓорче Петров, за тунелот под Кале, како и по проектот со нечујните и невидливите авиони против комарците, но и по оној историски проект со пуштањето на автобуската постојка на ЈСП на 50-ка во ГТЦ, со диџеј, ова е уште еден грандиозен чекор за Скопје.

Ако се земе предвид дека Скопје, многу често, е во врвот на најзагадени градови во светот и дека најревносен чистач на воздухот (или ајрото) е ветерот, како и екоработилниците на министерството за екологија, овој проект на Шилегов е проект не на деценијата, туку на векот.

– Наша крајна цел е да се изработи Акциски план на Град Скопје за зелен град што ќе биде усвоен од Советот и за тоа ги користиме услугите на Европската банка за обнова и развој и консултаните кои ги има. Еден проект веќе заеднички го работиме, тоа е набавката на автобуси на природен гас во висина од 10 милиони евра. Од овој Акциски план треба да ни произлезат мерките што Градот ќе ги презема како политики во наредните пет до десет години. Важно е на крај да добиеме документ и креирање политики што ќе овозможат да живееме во поздрава животна средина од онаа со која се соочуваме во последната деценија, вели Шилегов.

ГРАДОТ СКОПЈЕ Е ПРВ ГРАД ОД СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА КОЈ СЕ ПРИКЛУЧУВА НА МРЕЖАТА НА ЗЕЛЕНИ ГРАДОВИ

ГРАДОТ СКОПЈЕ Е ПРВ ГРАД ОД СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА КОЈ СЕ ПРИКЛУЧУВА НА МРЕЖАТА НА ЗЕЛЕНИ ГРАДОВИНаша крајна цел е да се изработи Акциски план на Град Скопје за зелен град што ќе биде усвоен од Советот и за тоа ги користиме услугите на Европската банка за обнова и развој и консултаните кои ги има. Еден проект веќе заеднички го работиме, тоа е набавката на автобуси на природен гас во висина од 10 милиони евра. Од овој Акциски план треба да ни произлезат мерките што Градот ќе ги презема како политики во наредните пет до десет години. Важно е на крај да добиеме документ и креирање политики што ќе овозможат да живееме во поздрава животна средина од онаа со која се соочуваме во последната деценија.

Gepostet von Петре Шилегов am Mittwoch, 27. März 2019