Мобилниот телефон на основачот на Амазон, Џеф Безос бил хакиран од вработени за владата на Саудиска Арабија и поради тоа, негови пораки и фотографии со љубовницата ги добиле во таблоидот „Нешнал инкваерер“ сопственост на компанијата Американ медиа.

До тие заклучоци стигнал Гевин де Бекер, приватен консултант ангажиран од Безос кој објави резултати од истрага во порталот Дејли бијст.

– Нашите детективи и уште неколку експерти стигнаа до заклучок дека Саудиска Арабија имала пристап до телефонот на Безос и добиле лични инфорации, изјави Де кекер.

– Во овој момент, не е целосно јасно до колкав степен Американ медиа била известена за тоа, ако и воопшто знаела за тоа, изјави консултантот.

Тој додаде дека Владата во Ријад сакала да му наштети на Безос уште од октомври 2018 година кога „Вашингтон пост“ (сопственост на Бесоз) почна активно да пишува за убиството на Кашоги, објасни Де Бекер.