Македонски хеликоптери трагаат по исчезнат мал авион, со четири патници, кој попладнево полетал од аеродромот во Охрид кон Софија.

Како што објавија повеќе медиуми, станува збор за авион од типот „Цесна“, кој ја изгубил врската со контролата на летање во реонот на Солунска Глава, од каде што претходно пилотот објавил дека има турбуленции и проблеми со летот.

Два хеликоптери на безбедносните служби од Македонија во повеќе наврати го надлетале теренот и не забележале траги од исчезнатиот авион, во кој, според неофицијални информации патувало едно бугарско семејство.

Потрагата и натаму трае.

БГНЕС објавија дека станува збор за четворица бугарски државјани, татко, мајка и две деца, кои летале од Охрид за Софија. Поради лоши временски услови, пилото побара дозвола да слета во Скопје, но за кратко време се премислил и рекол дека ќе продлжи за Софија.

Според БГНЕС, авионот паднал кај Солунска глава. од радарот, цесната исчезнала во 17 и 16 часот по бугарско време, односно час порано по македонско.