Вардар петти натпервар по ред ја сочува „сува“ својата мрежа во Првата македонска фудбалска лига, меѓутоа освои само бод во дуелот со Победа кој се одигра во Охрид во рамките од 26. коло.
Натпреварот не изобилуваше со многу шанси, а најзрелата Вардарци ја имаа во финишот преку Лира кога голманот во последен момент му го одбрани обидот со глава.

Лидерот на табелата Шкендија пак, извојува минимална победа од 1-0 во Струмица кај Академија Пандев.

Голот го постигна репрезентативецот Муслиу во 30. минута.

По денешните дуели, разликата на табелата помеѓу тетовскиот и скопскиот тим сега е 10 бодови.

Резултати од ПМФЛ, 26. коло:

Академија Пандев – Шкендија 0:1
Победа – Вардар 0:0
Работнички – Беласица 1:1
Ренова – Шкупи 1:0
Силекс – Македонија ЃП 1:1

Табела:

1. Шкендија 59
2. Вардар 49
3. Академија Пандев 45 (-1)
4. Ренова 36
5. Шкупи 33
6. Работнички 33
7. Македонија ЃП 31
8. Силекс 25
9. Беласица 23
10. Победа 19 (-1).