СДСМ на својот Фејсбук профил објави видео од портпаролот на партијата, Костадин Костадинов, кој пред штаб на ВМРО-ДПМНЕ даваше изјава.
Во тој момент помина активистка од штабот на ВМРО-ДПМНЕ, која му подари програма на Костадинов, а потоа му порача и да направат една селфи фотографија. Понудата веднаш беше прифатена.