Според информациите што ги пренесуваат повеќе портали, вечерва е приведен скопскиот бизнисмен Љупчо Палевски, поранешен претседател на СДСМ за Скопје.
Различни се информациите за приведувањето. Според едни, тоа е затоа што пред неколку години наводно пуштал снимки на Јутуб од прислушуваните разговори, по што, по барање на СЈО, полицијата влезе и изврши претрес во неговиот дом одземајќи му ги компјутерите. За случајот, СЈО води постапка.
Според други информации, Палевски е приведен затоа на вчера вечер, во Прилеп, пуштал на разглас снимени разговори меѓу владини функционери, односно меѓу сегашни и екс министри во Владата.