Манчестер сити ќе игра во финалето на англискиот ФА куп, откако забележа минимална победа над Брајтон со 1:0 во првото полуфинале.
Голот вреден финале, вечерва на стадионот „Вембли“ во Лонодн го постигна Габриел Жезус во 4. минута.
Противник на „граѓаните“ во дуелот за трофејот ќе биде подобриот од второто полуфинале во кое ќе играат Вотфорд и Вулверхемптон.