Времето во Македонија ќе биде умерено до значително облачно, попладне претежно во западните делови со локален дожд и ретки грмежи. Ќе дувам слаб до умерен јужен ветер.

Утринската температура ќе се движи од три до 10, а дневната од 10 до 21 степен.

Во Скопје слично време, умерено до значително облачно со слаб до умерен ветер од јужен правец.  Утринската температура ќе се спушти до шест, а дневната ќе се искачи до 21 степен.

Во понеделник на повеќе места се очекуваат пообилни врнежи од дожд (над 25 л/м2), кои локално ќе бидат поројни и проследени со грмежи. Потоа, во следните денови ќе преовладува променливо облачно време со локален пороен дожд и грмежи, како и пораст на дневната температура.