Фудбалскиот сојуз на Србија е блиску до договор со Фудбалската асоцијација на Англија за одигрување на пријателски натпревар во чест на 100-годишнината од основањето српскиот фудбалски сојуз.

На 18 април 1919 година во Загреб беше формирана Југословенската фудбалска федерација. Токму оваа година се одбележува голем јубилеј – 100 години од тој ден, па челниците на ФСС одлучија да го одбележат на спектакуларен начин. Преговорите со Англичаните се одвиваат во вистинската насока и се очекува наскоро да бидат познати сите детали од натпреварот.

За Србија на Маракана би играле легендарните асови – Дејан Станковиќ, Немања Видиќ, Саво Милошевиќ, Дарко Ковачевиќ, Горан Ѓоровиќ …

Од друга страна, најголемо внимание привлекува името Дејвид Бекам, еден од најпопуларните фудбалери на сите времиња. Несомнено е дека неговото доаѓање во Белград ќе предизвика огромен интерес. Последен пат во Белград познатиот фудбалер беше во 2003 година, кога тој играше за Реал Мадрид против Партизан во групната фаза на Лигата на шампиони.