Голем инцидент се случи денеска на новиот автопат Кичево- Охрид, кој се уште е во изградба.
Според видеото кое стигна до нашата редакција, во близина на селото Сливово кое се наоѓа во областа Дебарца, камион со крената приколка се заби во надвозникот.
Пред два дена, министерот за транспорт и врски изјави дека нивна заложба е и пред јуни 2021 година да биде ставен во употреба дел од автопатот кој ќе биде завршен нешто порано, за да може сообраќајот да се одвива непречено и да се надминат тесните грла на овој исклучително фреквентен патен правец.