Се што имаме докази ќе биде објавено, никој нема да биде поштеден, ветуваше Зоран Заев пред неколку години, кога почна да се расфрла со неговите „бомби“ под помпезно мото „Вистината за Македонија“.

– Никој нема да биде поштеден, значи ни од македонскиот, ни од албанскиот блок, ни од позиција ни од опозиција. Граѓаните ќе ја дознаат цела вистина, до крај. Вистината за Македонија, до крај ќе ја обелоденуваме… Пописот, Монструм, Никола Младенов итн., ветуваше Заев.

Бомбите на Заев ечеа на прес-конференции, ечеа во медиумите и на „боиштето“ од шарената револуција.

Денес, неколку години потоа, може само со жалење да се констатира: Бог да ја прости Вистината на Заев, која ја разнебити Република Македонија и донесе „живот за сите“.

#Бомбите … Некогаш за некои, единствена надеж за #ПРАВДА, денес само небитни мп3 материјали во подрумите на #СЈО#НемаПравдаНемаМир?https://twitter.com/FurkanSaliu/status/1116021572895170562

Gepostet von Павел Шатев am Mittwoch, 10. April 2019

 

„Заев е поголем монструм од убијците“ – Целиот разговор со Гор…

„Заев е поголем монструм од убијците“ – таткото Наќески за маскарот кај Смилковско езероЦелиот разговор со Горан Наќески, таткото на убиениот Александар 04.10.2017 http://alfa.mk/Ветувањата за расчистување на петкратното убиство на нашите деца беа само дел од политичкиот пазар на Заев и Дуи. Пред две години ни ветуваше дека ќе направи се да излезе на површина а сега немо молчи – потресно сведоштво на Горан наќески татко на убиениот Александар. Видно потресен не сакаше да разговара пред камерата на алфа но затоа во телефонската изјава каде се чувствуваше неговата вознемиреност раскажа за ветувањата кои му ги давал актуелниот премиер зоран Заев пред да дојде на власт. Ни испрати фотографи од смс пораките и комуникацијата што ја имал со Заев, кога како лидер на опозицијата се закануваше дека има бомби за случајот Смилковско езеро и доколку ги објави ќе се смени целиот тек на постапката. Наќески раскажува дека и пред еден месец се слушнал телефонски со Заев, побарал објаснување зошто досега ништо не им е предадено, но добиле само штур одговор дека се што имал предал на СЈО.Вели бегството на двајца од обвинетите јасно говои дека тие го признаваат делото. Наќески вели секојдневно е во комуникација и со останатите родители кои кобниот 12-април на Велики четврток ги изгубија своите чеда. Но и нивниот став е дека со одлуката обвинението за обвинетите за „Монструм“ да се врати од почеток и да се укинат доживотните казни е скандалозна. Уверени се дека токму тие се убијците на нивните деца. Ивана Соколовиќ Најдова

Gepostet von Sekula Vojvoda Fan Club am Mittwoch, 4. Oktober 2017