Секторот за истрага на воени злосторства при полицијата на Косово уапси денеска едно лице, припадник на етничката заедница на Египќаните, осомничено за воени злосторства во Косово во 1999 година, јави дописникот на МИА од Приштина.
Во соопштението на полицијата се наведува дека на осомничениот, по кого била распишана потерница, надлежен обвинител му одредил мерка притвор.
Потерницата за споменатото лице е издадена од Специјалното обвинителство на Република Косово поради основано сомневање дека извршил кривично дело „воени злосторства против цивилно население“, се вели во соопштението.