Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, се огласи по повод 7-годишнината од монструозното убиство кај Смилковското Езеро.

-Неправда е, и таа боли и пече, кога знаете дека терористи кои одземаа пет животи се на слобода, и дека власта и Заев правеа политика од тоа. Неправда е да ветувате на родителите дека ќе го расветлите случајот, а да ги ослободите обвинетите и да го заборавите ветеното. Неправда е кога знаете дека ладнокрвни убијци на деца слободно се шетаат. Седум долги години од трагичната случка. Слава им на починатите. Да не се повтори, напиша Мицкоски на својот Фејсбук профил.