Нервозата кај Заев и Пендаровски од неминовниот изборен пораз е се по очигледна. Активисти на власта се закануваат дека со пиштоли ќе влезат во ДИК, јавно пред камери, а Стево Пендаровски молчи.
Ова се истакнува во денешната реакција на ВМРО-ДПМНЕ.
– Скандалозно е однесувањето на власта, која соочена со пораз губи контрола. Пендаровски и Заев знаат дека губат и затоа и се закануваат. Криминалитетот е зголемен. На само неколку дена пред избори од банка во Скопје одземени се 150.000 евра, а Спасовски молчи и се уште ги нема пронајдено разбојниците, се вели во реакцијата.
ВМРО-ДПМНЕ прашува дали со ваквото непостапување, Спасовски всушност ги крие разбојниците?
– Постои основано сомнение во јавноста дека овие пари ќе бидат искористени за купување на гласови. Поразот на Пендаровски кој е повеќе од јасен допринесе власта да прибегне кон криминални методи. Но ништо не може да го спречи падот на СДСМ, бидејќи граѓаните не поддржуваат криминал и насилие. Граѓаните сакаат право и правдина. Граѓаните ќе гласаат за Гордана Сиљановска Давкова, соопшти опозициската партија.