Се обраќам до припадниците на МВР. Сакале да признаете или не, знам дека ви ги врзаа рацете, да молчите пред криминалците, да ја заобиколувате правдата. Но, ве молам од срце, не прифаќајте притисоци, спротивставете се на сите незаконски постапки на кои ве тераат, не одете против својот народ. Вие сте чесни и честити, знам дека и вас ве изневерија, ве измамија. Нема ништо од новата опрема, од покачувањето на плата, нема ништо од вашите барања. И тоа ќе се смени, ви ветувам. Морате да имате сигурност која сега ја немате. А по промените вие ќе сте најзначајниот дел од алката која ќе мора да донесе правда, напиша на Фејсбук, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.