Државниот секретар на САД Мајк Помпео разговараше со двајцата кандидати за претседател на Украина, соопшти претставникот за преговорите во Украина Курт Вокер.
-Секретарот Помпео им се јави на двајцата кандидати, Володимир Зеленски и Петро Порошенко, синоќа за да ја истакне американската поддршка за украинскиот суверенитет и територијален интегритет, напиша на Твитер специјалниот претставник за преговорите во Украина Курт Вокер.
Помпео, додаде тој, ја потврди подготвеноста на САД за соработка со оној кој ќе победи на претседателските избори во Украина денеска.