Над 900 литри нафта истекоа од нафтена платформа во водите на Атлантскиот Океан во близина на бразилскиот брег, формирајќи нафтена дамка на океанската површина.

Поради истекувањето на нафтата, бразилскиот енергетски гигант „Петробрас“ го запре производството од нафтената платформа.

Нафтената дамка се појавила крај брегот на бразилската област Албакор, на околу 110 километри од градот Рио де Женеиро.

„Петробрас“ информира дека започнала акција за отстранување на нафтената дамка, во која се вклучени два брода.