ФК Лабуништа организира хуманитарен натпревар за својот голман Мартин.
Дваесетидвегодишниот спортист Мартин Стојаноски од струшкото село Дрслајца пред неколку месеци во тешка сообраќјна несреќа се здоби со тешки телесни повреди за што му се потребни средства за лекување во Русија.
За Мартин повторно да застане пред голот, неговиот тим во сабота со сите сили ќе се обиде да извојува победа, но и да привлече што побројна публика.
–„Ги повикувам сите хумани луге да дојдат да купат карта и да бидате дел од хуманитарниот натпревар во сабота. Сите да бидат во 16 ч на стадион во Струга заедно да помогнеме за лекување на нашиот Мартин“, вели директорката на клубот Ивана Лескароска.
Ова е банкарска сметка за донации: 210-7000006495-51 NLB.