Германската полиција денеска соопшти дека открила нова димензија на спречениот биолошки напад кој го подготвувал Тунижанецот кој беше уапсен минатата недела.
Полицијата соопшти дека Тунижанецот подготвуал напад со биолошка бомба.
– Таквиот напад би бил преседан за Германија, изјави шефот на германската Федерална криминална полиција Холгер Минх.
Осомничениот, идентификуван само како Сиеф Алах Х., беше уапсен во Келн пред една недела откако во неговиот стан беше пронајден рицин – една од најотровните материи во природата. Мажот имал доволно материјал за да произведе меѓу 250 и 1.000 дози на рицин, во зависност од начинот на обработка.
Минатата недела обвинителството објави дека првичната истрага не покажала докази за посебен план за терористички напад. Минх сепак истакна дека 29-годишниот Тунижанец почнал да подготвува рицин, а покрај тоа, во неговиот стан биле пронајдени и компоненти за експлозивна направа.
Најпознатиот жртва на напад со рицин е бугарскиот новинар и писател Георги Марков, кој беше нападнат во Лондон во 1978 година од човек со чадор.