Околу 30 лица денеска се хоспитализирани откако дошло до истекување на амонијак од контејнер влечен од трактор во предградие на Чикаго, соопштија официјални лица.
Портпаролот на шерифот на округот Лејк Кристофер Ковели изјави дека меѓу хоспитализираните има и тројца полицајци, кои се во добра состојба.
Според него, неколку други лица се во сериозна, но стабилна состојба.
Властите соопштија дека протекувањето на амонијакот се случило околу 4:30 часот по локално време, кога дошло до испуштање на хемикалијата во воздух над паркот Бич, околу 65 километри северно од центарот на Чикаго.
Властите побараа од жителите, кои се наоѓаат во радиус од еден и пол километар да ги затворат прозорците и да останат во своите домови.
Таа наредба подоцна беше укината.