Австриецот Доминик Тим ќе игра во финалето на „Барселона опен“ по победата над фаворитот Рафаел Надал (Шпанија) во второто полуфинале со 2-0.

Двата сета 25-годишниот австриски тенисер ги доби со по 6:4. Мечот траеше два часа и пет минути.

Противник на Тим во финалето ќе му биде Русинот Данил Медведев, кој во првото денешно полуфинале беше поуспешен од Кеи Нишикори.

Наградниот фонд на турнирот во Барселона изнесува 2,6 милиони евра.