Кога актерот Ештон Качер (39) ја  напушти Деми Мур (55) во 2013 година, таа се повлече во осаменост и се „лечеше“ со алкохол и таблети.

Уште пред неколку години беше очигледно дека актерката сè уште не може да се најде себе си и се’ уште страда,  а од брилијантната секси бринета, еротската икона од филмот „Стриптиз“ – остана само бледо копија.

Таа станува се повеќе и повеќе е присутна  во списанија кои не одговараат на холивудската ѕвезда. Така нејзиното појавување во Лос Анџелес ги вчудовиди минувачите. Имено, папараците ја фотографираа како се шета во обични  фармерки и маичка без кармин и шминка и таа беше толку бледа што не личеше самата на себе.

Таа речиси никогаш не се сретна со поранешниот сопруг на некоја гала забава, каде што обајцата беа гости. И двајцата вешто ја избегнуваа средбата.

Тие беа во заедницата осум години. Тој  по разводот со неа ја најде среќата во актерката Мила Кунис, која за разлика од Деми е неговата возраст. Деми е во врска, наводно со музичарот Ник Џонас, кој е помлад од 30 години. Но, веројатно, бившиот сè уште не успеала да го прежали.