Шенен Доерти потврди дека ќе биде дел од новата минисерија „БХ90210“ и по 30 години ќе ја репризира улогата на Бренда Волш од култната тинејџерска серија „Беверли Хилс 90210“. Таа ја објави веста на Инстаграм, со фотографија од целиот тим од 1990-ите:
View this post on Instagram
Yes it’s official. The real question is…. will we still be rocking those outfits. #bh90210
Новата серија насловена „БХ90210“ беше најавена во февруари и во прв момент беа потврдени Џејсон Пристли (Брендон), Џени Гарт (Кели), Јан Зиринг (Стив), Габриел Картерис (Андреа), Брајан Остин Грин (Дејвид) и Тори Спелинг (Дона). Во истиот период кога беше најавена серијата, Лук Пери (Дилан) почина од мозочен удар.
Новата серија ќе има шест епизоди, а „Фокс“ најави дека ќе се емитува летово.