Лари Кинг доживеал срцев удар, состојбата засега стабилна

/ 29.04.2019

Американскиот водител Лари Кинг (85) доживеал срцев удар, пишуваат американските медиуми.

Кинг  бил префрлен во болница поради проблемите со срцето.

Лекарите велат дека неговата здравствена состојба засега е стабилна и дека за неколку дена ќе биде пуштен дома.

Лари Кинг зад себе има кариера долга 62 години. За тоа време Кинг направил повеќе од  50.000 интервју.

Некогаш водителот беше заштитно лице на американската телевизија „Си-Ен-Ен“, а својата кариера  ја продолжи во руската кабловска мрежа „Раша тудеј“.


Од истата категорија