Германските семејни фирми изминатите години пораснаа многу побрзо од големите компании чии акции учествуваат во индексот ДАКС на Берзата во Франкфурт, се наведува во анализа на Лајбниц Центарот за европски економски истражувања.
Бројот на вработени во 500-те најголеми семејни претпријатија се зголеми за 27 проценти помеѓу 2007 и 2016 година на 2,54 милиони, се оценува во анализата.
Од 30 компании чии акции се во ДАКС индексот на Франкфуртската берза и не се во категоријата семејни бизниси, 27 од нив го зголемија бројот на вработени за само четири проценти на 1,55 милиони.
Средните компании, исто така забележаа повисок раст на приходите, во просек за 3,7 отсто годишно, во споредба со просекот од три проценти во групата на компании чии акции котираат на германската берза.
Групата од водечките 500 средни претпријатија ги вклучува семејните компании „Мерк“, „Бајерсдорф“ и „Хенкел“, чии акции котираат на Франкфуртската берза.
Според истражувањето, повеќе од 90 проценти од приватните компании во Германија ги раководат семејства.
На врвот на скалата од 500 водечки семејни претпријатија, според бројот на вработени, е групацијата „Шварц“, по што следуваат „Роберт Бош ГмбХ“ и „Метро“, објавија авторите на истражувањето.